Се поставуват нови ивичници по што ке следува изградба на нов тротоар на „Страшо Пинџур„
„Градежната оператива на фирма „Урбан инвест“од Кавадарци деновиве врши вадење на старите и поставување на нови ивичници на делницата од тротоарот кај „Ваташките згради“ во должина од 120 метри.
Со ова се подготвува теренот за поставување на павер елементи како дел од проектот на општината за реконструкција на постојниот руиниран тротоар.
Во последната фаза ќе следи поставување на метални столбчиња кои ќе постават граница меѓу коловозната лента и тротоарот, а ќе го спречати непрописното паркирање, како заштита за непречено одвивање на сообраќајот на возилата и пешаците.„сопоштуваат од Кабинетот на градоначалникот Митко Јанчев.