Центарот за култура во Неготино и оваа година ќе ја организира најстарата и најпознатата музичка манифестација „Најдобар глас“. Се работи за една од најстарите манифестации од ваков тип, која и покрај новиот наплив на нови налини на откривање н музики талентим остана да постои според стариот испробан систем на јавно откривање на музички надарени пеачи.Пријавувањето започна и веќе има неколкумина пријавени. Секој што е заинтересиран да настапува на оваа манифестација слободно може да се пријави во просториите на Центарот за култура „Ацо Ѓорчев“ Неготино лично од 09:00 до 14:00 часот или пак на телефонските броеви 075/ 229-410 кај лицето Боре Ничков или на 071/307-748 кај лицето Елизабета Апостолова.

За победниците следуваат парични награди од 5.000 денари за освоено прво место од жири за народна и за забавна музика и за освоено прво место од публика 3.000 денари.