МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Компанијата Дрекслмајер Македонија утре- среда 28. март свечено ќе го отвори својот инфо центар и канцеларија за регрутација во Кавадарци.

„Дрекслмајер Македонија вработува неколку илјади граѓани од Кавадарци и неговата околина, а со отворањето на инфо канцеларијата би сакале како компанија да бидеме поблиску до нашите вработени, но и до сите останати лица кои се заинтересирани да се придружат на нашиот тим. Во Дрекслмајер инфо центарот секој ќе може да добие информации во врска со компанијата и директно да аплицира за вработување.

Официјалното отворање на инфо центарот е во среда 28. март во 10:00 часот. Ги покануваме сите заинтересирани да ја посетат канцеларијата секој работен ден од 08:00 до 18:00 часот.Канцеларијата се наоѓа на ул. Илинденска бр.5 наспроти поштата“, се вели во соопштението од Дрекслмајер Македонија.