Кога добрата мисла, желбата да се биде дел од една целина и заеднички да се помогне некому ќе се обединат, тогаш настапува хуманоста.
А тоа, впрочем е и целта на ПХВ проектот чии припадници сме и ние. Иии... со многу љубов и посветеност се потрудивме да го организираме мото-маршот на сениори и јуниори (велосипедисти и мотористи) и да собереме парични средства со кои ќе пристапиме во редот на успешните ПХВ промотори, кои ги олеснија животите на многу семејства.
Нашиот труд за да ги обезбедиме основните животни и хигиенски потреби на повеќечленото семејство во с.Паликура ќе го обезбеди патот за надежна и посветла иднина.
Затоа, во текот на утрешниот ден сабота 31.03.2018 година Ве покнуваме да се вклучите во овој настан од хуманитарен карактер, да донирате според своите можности и да бидете дел од нас.
Нашите дружења ќе бидат во два термини: од 9.00 ч. велосипедистите ке тргнуваат од новата црква Св. Петка, а мотоцилистите ќе тргнуваат од истото место од 13.00 ч.
Ве очекуваме.