Градоначалникот Митко Јанчев најави неколку значајни вложувања во Противпожарната заштита ова година
Денеска во присуство на командирот на ППТЕ Кавадарци, Влатко претставник на компанијата Екстра Бус-Кавадарци-градоначалникот Митко Јанчев и претседателот на Советот Ристо Сакалиев,ја примија во владение новата донација на Противпожарната територијална единица Кавадарци- Командно возило за брзни интервенции- џип „Туарег“-дар на Екстра Бус Кавадарци.Истовремено Јанчев ги информира новинарите за завршената прва фаза за реконструкција на постојната зграда каде е сместена единицата за ППЗ-Кавадарци-нешто што не е направено од ослободувањето до денес.При крај е тендерот за изградба на нови гаражи за возниот парк и набавка на нови две возила и морернизирање на возниот парк.Завршен е огласот за вработување на 16 нови пожарникари, а во план е до август годинава да завршат сите процедури за да може да профункционира единицата во Кавадарци со вкупно 26 лица спремни за интеревнции на пожари и други потреби на гаратор и регионот, со што од најлошо рангирана ППЕ би била меѓу најдобрите во државата.