МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Градоначалникот ,Митко Јанчев, на претходно барање од жителите на околните станбени објекти, покрена иницијатива за отстранување на бесправно поставените лимени гаражи на земјиште во сопственост на Република Македонија.

Во таа насока Општината спроведува акција согласно која на почетокот сите иматели на ваквите објекти по писмен пат беа благовремено информирани самите да превземат мерки за нивно отстранување. Општината навремено изготви известување кое беше налепено на сите лимени гаражи кои треба да се отстранат, со појаснување за идната намена на тој простор согласно деталниот урбанистички план на град Кавадарци.

Во моментот лимени гаражи се отстрануваат на неколку локации во градот. Најмногу бесправно подигнати лимени гаражи има на просторот кој се наоѓа помеѓу колективните станбени згради и индивидуалните станбени објекти на ул „Кочо Рацин“, ул.„Орце Николов“, Булевар „Македонија“ и Булевар „Никола Минчев“, вкупно 49 гаражи.

На оваа локација согласно ДУП предвидено е доасфалтирање на паркингот како и хортикултурно уредување и поставање на урбана опрема. На улицата „Блажо Алексов“ треба да се размонтираат 5 гаражи, а на улица „Ѓорѓи Соколов“ 11 гаражи. По нивното остранување општината овде ќе спроведе активност за дооформување на улиците во функција на новиот кружен тек кој што интензивно се гради.

Општината Кавадарци уште еднаш упатува апел до сите иматели на лимени гаражи, сериозно да пристапат во нивното демонтирање во законски определениот рок.