МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Aплицирањето на кандидати за волонтирање во Општина Кавадарци трае до 24 април

Се повикуваат сите заинтересирани странки и млади лица над 15 години да се пријават на јавниот повик врз основа на кој се организира волонтерска работа за потребата на Општина Кавадарци за активности според проектот ‘’За чисто и убаво Кавадарци”.

Јавниот повик се објавува поради потребата на Општина Кавадарци за ангажирање до 40 лица- волонтери , кои доброволно ќе извршуваат активности за почист и позелен град и тоа:

- - оплеменување на зеленилото низ градот,

- -засадување на нови садници,

- -подигање на нови зелени површини низ градот,

- - средување на јавните зелени површини низ градот,

- -kастрење на вегетацијата,

- -иодржување на селските патишта и фудбалски игралишта ,

- -како и чистење и одржавање на чистотата на повеќе локации како што се:просторот на поранешна дискотека Ла Луна, градски парк, месноста Моклиште, околината покрај новиот суд, главните влезови на градот, околината кај споменикот 12 те Другари и други локации.

Времетраењето на волонтерската работа е од 01.05.2018 година до 31.07. 2018 година кое ќе се регулира со склучување на договор за волонтирање.

Заинтерсираните лица потребно е да достават Пријава на следната адреса:Општина Кавадрци , ул. Плоштед Маршал Тито бб со назнака за јавен повик за аплицирање на кандидати за волонтирање во Општина Кавадарци или дирекно во архива на Општина Кавадрци соба бр.20.

Рокот за пријавувањее до 26.04.2018 година.

По завршувањето на рокот за пријавување по јавниот повик, пријавените кандидати ќе бидат повикани да започнат со вршење на волонтерската работа.