МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Во акцијата беа донирани повеќе елекрични апарати за домаќинството

Во рамкиte на акцијата на жените учеснички на клубот „ LIONS-Тиквеш Кавадарци“, во Домот на децата без родители донираше повеќе предмети од домаќинството кои им беа потребни на децата за поквалитетен престој во домот.

Од страна на членовите на ова Здружение набавени се и подарени : Машина за перење, телевизор, 2 панел грејни тела, миксер, Пегла, Фен, Чајник и други предмети за домаќинството. Исто така на децата им беа поделени и Новогодишни пакетчиња.

Од Лионс клубот „Тиквеш“ Кавадарци најавуваат Воедно дека во 2018та година е планирано заедно со Општината Кавадарци, за овие деца да се организира екскурзија.