МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Денеска околу 14 часот и 30 минути се случи сообраќајна несреќа , во која едно лице-пешак, загина.

Како што дознаваме, сообраќајката се случила кај село Возарци, кавадаречко .На пат кон селото , на мостот на Црна Река, со патничко моторно возило бил прегазен 57- годишниот Н.С. од село Дреново.Тој починал на лице место, соопштуваат од МВР.

Увид извршил овластен јавен обвинител.Додека траел увидот, сообракајот на делницата Мотел Дреново-Кавадарци бил во прекин.