МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

-Донација на Локалната самоуправа, „ Кожувчанка“ и „Кав комерц„-ново интервентно возило за ПС од ОН Кавадарци

Денеска на свеченост во ПС од ОН Кавадарци ,командирот на ПС Кавадарци-Сашко Димовски говорејќи за состојбата со јавниот ред и мир на подрачјето на Општините Кавадарци и Росоман, рече дека и покрај обемноста во работата, припаниците на ова ПС успешнио се справуваа со сите проблеми од безбедносен карактер. Тој им се заблагодари на колегите за посветеноста во работата.

Празникот на македонската полиција на припадниците на МВР им го честитаа голем број поканети гости и граѓани кои дојдоа на свеченоста во ПС од ОН Кавадарци.На средбата прусуствуваа градоначалниците на Кавадарци и Росоман Митко Јанчев и Бранко Јанев.

По неодамнешната средба со министерот во Министерството за Внатрешни работи -Оливер Спасовски ,градоначалникот Митко Јанчев , вети и ја обезбеди донацијата на ново интервентно возило за потребите на ПС од ОН Кавадарци,кое го донираат „Кожувчанка“ и „Кав Комерц„-Кавадарци.

20180507_113215.jpg

20180507_111650.jpg20180507_111620.jpg

20180507_111613.jpg