На споменикот на Револуцијата на Градскиот плоштад делегации положија свежо цвеќе
Празникот на победата над фашизмот во Кавадарци , во слободарскиот град од Тиквешијата, беше симболично одбележан на традиционален начин.Делегации на Општината не потсетија на жртвите во НОБ и Револуцијата , чии споменик на Градскиот плоштад не потсетува на славното минато од борбата притив фашистичките окупатори.
Делегациите кои положија свежи цвеќиња ги сочинуваа претставници на Сојузот на борци на Кавадарци,Советот на општина Кавадарци,Општина Кавадарци-Локална самоуправа,и на институции од јавниот живот на градот и Локалниот клуб на СДСМ.