МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Викендот искршени се клупи во градскиот парк во Кавадарци.Комуналниот инспектор и лица од ИТ секторот на Комуналец-лоцираа лице на сигурносни камери-кое е уништува пластичен контејнер. Несовесни граѓани искршиле клупи во градскиот парк во Кавадарци. Од Јавното претпријатие “Комуналец”, реагираа поради несериозноста на поединци, кога е во прашање грижата за урбаната опрема и хигиената во еден од најубавите паркови во Македонија. -Искршените клупи за седење и отпадот расфрлан насекаде, иако постојат доволно корпи за отпадоци низ целиот парк, јасно говорат за какво хулиганско однесување станува збор, нагласија од комуналното претпријатие. Оттаму уште еднаш повикаа надлежните да преземат мерки и да ги фатат и казнат виновниците кои прават неред во градот, кршат и палат контејнери, кршат урбана опрема и млади дрвца и расфрлаат отпад наоколу. Инаку што се однесува за појавата за уништување на пластичните контејнери во градот комуналниот инспектор на Општина Кавадарци заедно со лице од ИТ секторот при ЈП Комуналец по вандалско однесување во кое беа оштетени голем дел од контејнерите излегоа на терен.

На сигурносни камери во близина на поранешна фабрика „Таска“ е лоцирано едно лице кое го уништува едниот контејнер.Критичниот момент се случува во 10 часот и 55 минути. Лицето е облечено во црно палто (или дуксер) и плави фармерки.„Од Општина Кавадарци и ЈП Комуналец ги повикуваат граѓаните доколку иматаат било каква информација или можат да го препознаат лицето на фотосот да го пријават на надлежните служби.Тие однапред ви благодарат за соработката.

32253841_817383115128413_2985185910636675072_n_1.jpg32235620_817282301805161_5088792533517991936_n.jpg32419263_817282215138503_1973671789024247808_n.jpg32283714_817282191805172_5404695418317570048_n.jpg32266541_817282271805164_3390660115056033792_n.jpg