МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

ПРЕД 85 ГОДИНИ Е ФОРМИРАН ФК “ЗАНАТЛИСКИ“.На 26. МАЈ 1933 година започна со редовна работа.

Самото име доволно кажува дека овој фудбалски клуб бил на кавадаречките занаетчии.Занаетчиите од Кавадарци не само што членувале во овој фудбалски клуб туку и материјално и морално го помагале истиот. Во составот на овој фудбалски клуб се менувале повеќе генерации, меѓутоа неговиот најсилен и најстандарден состав изгледал вака: Диме Славев, Ристо Ресавски, Наќо Андреев, Ѓоро Голчев, Александар Џидров-Штипски, Тошо Сеизов, Александар Мицајков, Ристо Голчев, Д. Малинков, Врбо Стефанов, Тодор Грков-Шмелинг, Ѓ. Куката, Наќо Собаров, Наќо Кимов-Ѕвончарот, Николаќо Игнатов-Муло и др.

Во 1938 година како член на ФК “Занатлиски“ настапува и Димката Ангелов-Габерот.

Прв претседател на клубот бил Герасим Врангалов, а подоцна Ѓорѓи Шемов, секретарската должност ја вршел Лазар Поп Ицев.

Оваа фудбалска екипа постои се до крајот на 1940 година, а за периодот од скоро осум години оставила голем белег во спортското живеење на Кавадарци.