Kaбинетот на градоначалникот Митко Јанчев соопштува: асфалтирани 350 метри од улицата„Праведничка“
Општина Кавадарци успешно реализираше уште еден проект од комуналната изградба. Оперативата на фирмата „Изолзација“ заврши со асфалтирањето на 350 метри од улицата „Праведничка“ со што се заокружи значајна делница од улицата.
Претходно фирмата „Градба промет“ успешно ги заврши земјените работи од подготовката на оваа витална улица во овој дел од Кавадарци.
Општината за оваа намена потроши 3.000.000 денари, а парите се обезбедени од буџетото сметка за комунална изградба.