МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Проектот е финансиран од Министерството за култура на Р.Македонија како проект од национален интерес.

Музеј-галерија Кавадарци во соработка со Дневниот центар за деца со посебни потреби денеска го реализираше едукативниот проект Работилница за едукација,презентација и популаризација на археолошкото културно наследство.Преку цртање,боење,моделирање,колаж и слично децата од овој центар поблиску се запознаа со археологијата како научна дисциплина.Проектот е финансиран од Министерството за култура на Р.Македонија како проект од национален интерес.

Раководител на проектот е виш-кустос Весна Ѓорѓиева,соработник Трајче Цветков од Музеј-галерија Кавадарци.

Соработници од дневниот центар беа Ана Камчева,Надица Ристоска Лазаров-дефектолози и Весна Дубровска-педагог.