МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Црвениот крст Кавадарци успешно ја одработи првата ЦКА-ПХВ работилница

Во месец март општинската организација на Црвен Крст Кавадарци започна со имплементација на програмата Црвен Крст во Акција- Промоција на Хуманите Вредности или скратено ЦКА-ПХВ циклус 2022 година. ЦКА-ПХВ е самостоен проект кој се имплементира уште од 1997 година и функционира во рамките на редовните активности на Црвен Крст на РСМ, а е поддржан од страна на Меѓународниот комитет на Црвен Крст, Бирото за развој на образованието и Црвен Крст на Република Северна Македонија. ПХВ е проект преку кој младите волонтери стекнуваат соодветна едукација за : препознавање на потребите на заедницата, изработка на проекти и самостојно организирана пракса на терен, преку директна помош на ранливото население. На 24.02.2022 година се одржа првата дисеминациска обука за младинците од основните училишта, а ќе се реализираат уште две обуки до 5 април, по кои младинците активно ќе се впуштат во изработка на мали проекти и помагање на населението во општината.

viber_image_2022-04-01_14-20-38-167

М.В.