Кавадарци било раскрсница на многу војски
Француски војник во Рекинското маало чува стража, во непосредна близина бил воениот логор на француската војска. Фотографијата е од декември 1915 година. Во позадината се гледа Средновековната Маркова кула. Во овој период во Кавадарци имало околу 5000 француски војници, кој подоцна ќе заминат на Македонскиот или Солунскиот фронт.