По солунскиот, во Кавадарци е формиран првиот комитет на ВМРО во Македонија.
Со положување цвеќе и историски час пред спомен плоча која потсетува на формирањето на првиот комитет на Тајната македонска револуционерна организација ТМОРО во Македонија, веднаш по Солунскиот,во Кавадарци ,денеска беше одбележан Денот на македонската револуционерна борба. На денешен ден се формирала македонската револуционеран организација чии темели ги поставиле шестмина интелектуалци , револуционери професорите: Даме Груев Петар Поп Арсов Христо Батанџиев Андон Димитров учител, книжарот Иван Хаџи Николов и доктор Христо Татарчев, рече пред присутните Марија Михова од Музеј галеријата на град Кавадарци.
-Денеска е голем празник за македонците и за Македонија затоа што пред сто дваесет и три години на овој ден е втемелена идејата за слободна Македонија со нејзините втемелување на националниот идентитет, рече пред присутните претседателката на општинскиот Совет, Горица Пеливанова Вилхелм.
-По солунскиот, во Кавадарци е формиран првиот комитет на ВМРО во Македонија. Кавадарчани се едни од најзаслужните оваа мисла да стане дело на овие простори, дело во кое ние денес живееме горди на своите претци и од 2007 година кога овој датум стана празник на сите граѓани на Македонија, сме горди и на своето минато, потенцираше Вилхелм.