МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Реализацијата на програмата за комунално уредување се одвива непрекината.

Оперативата на фирмата „АС -машини“ од Кавадарци реализира проект за поплочување на крак од улицата „12 Другари“ непосредно до фудбалското игралиште на ФК „Габер“.

Се поплочува површина од 200м2, а за оваа намена општината инвестира 315.000 денари.

Парите се обезбедени од буџетот на локалната самоуправа, сметка од програмата за комунална изградба. Поставувањето на бекатон коцки на оваа споредна улица во должина од 60 метри, општината го изведува како пристап до неколку индивидуални станбени објекти во овој дел на градот.

5555555555.jpg