Преку проектот „Подај рака“ планирани се повеќе активности ова недела
Во вторник, среда и четврток во паркот кај “ Поланата“ ке биде спроведена акција за фарбање на сите детски реквизити .Со тоа ке им се продолжи векот на справите на кои десетици деца дневно овде се забавуваат и рекреираат.
Младинскиот хуманитарен проект ,,Подај рака ” кој го спроведува Христијанско адвентистичката црква ,е со цел да се активираат младите од државата и од регионот .По 6-ти пат, од 25 јуни до 1 јули, во Кавадарци со учество на околу 70 млади волонтери од Македонија, Србија и Бугарија се организара посета на 60 социјално загрозени семејства, на кои ќе им се донира облека, храна, хигиенски средства, мебел и бела. Оваа активност ќе бдие реализирана од страна на младите и волонтерите од „Љубезност“
Освен тоа предвидени се друштвени игри на отворено и хуманитарен концерт кој во сабота во 20 часот ке се одржи на Градскиот плоштад.Средствата кои ќе се соберат ќе бидат донирани за Ивана, девојче болно од церебрална парализа.
Дел од активностите на овој проект се координирани со Општина Кавадрци и Центарот за социјални работи Кавадарци.