МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Здружението на пензионерите од Кавадарци редовно ги релизира програмските цели во делот на културната размена. На крајот од октомври пензионерите од кавадарци ќленови на пеачката и фолклорната секција имаа настапи во Македонија и соседна Србија.

Пеачката група „Лоза“ и оркестарот при ЗПК успешно се претставија во Гевгелија на ргионалните смотри „Пензионерите пат“ каде имаа исклучително забележителен настап со кој ја потврдија високата позиција и квалитет меѓу своите врсници пеачи од Македонија.

Кавадаречките пензионери остварија и меѓународна соработка со гостување во Лесковац соседна Србија каде беа гости на лесковачките пензионери. Освен генерациското дружење, нашите пензионери остварија и мала културна мултимедијална презентација. Во концертната сала на домот на пензионерите во лесковац тие пред своие домаќинисе претставија со настап на пеачката група „Лоза“ со солистите и оркестарот, потоа одличен настап имаше фолклорната група прикавадаречкото здружение на пензионерите, акултурната презентација на Кавадарци беше заокружена и со поезија читана од кавадаречките поети- пензионери. Ова дружење на пензионерите од Кавадарци и Лесковац ќе продолжи на 18ноември кога лесковчани доаѓаат во возвратна посета на Кавадарци.