МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Положени цвеќиња пред бистата на Блашко Толев во село Марена.Тој загина 2001 година.

Достојно како што заслужи , вчера во село Марена пред бистата , се одржа чествување по повод 17-години од смртта на Блашко Толев.Тој загина на Тетовското кале од минофрлачка граната.

На чествувањето во Марена вчера положија цвеќе неговите најблиски од семејсвото, делегациаја на градоначалникот на Општина Кавадарци, делегација на АРМ,на МЗ Марена, на Советот на Општина Кавадарци.На присутните им се обратија ; Претседателот на Советот на Општина Кавадарци Ристо Сакалиев кој рече дека споменот и жртвата на Блашко никогаш нема да ја заборавите . На присутните им се обрати и претседателот на Советот на МЗ и советник Митко Камчев, а спомени за него и последните неговови мигови на живот евоцираше ветеранот на војаната 2001-Александар Малинков.Тој истовремено зборуваше за воените приликите таа 2001 година.

Блашко Толев загина на 20 години .Тој го жртвуваше животот за одбраната на Македонија.