Денеска од СОЗШУ „Ѓорче Патров„ Кавадарци добивме соопшение во кое детално е објаснета постапката и видот на проектот во врска со двата проекта на кои ова кавадаречко училиште аплицираше.
Соопштение
„Во врска со дезинформациите што се појавија во јавноста за одобрените проекти на СОЗШУ Ѓорче Петров Кавадарци од програмата на ЕРАЗМУС + би сакале да ја информираме јавноста дека:
Проектот ,,Обучување преку практична и теоретска настава за одгледување домашни животни (копитари), на Средното Земјоделско Шумарско Училиште Ѓорче Петров-Кавадарци не предвидува тренирање ниту дресирање на магариња, туку предвидува теоретска и практична настава и обука на 35 ученици и 5 наставници од земјоделско/ветеринарна струка за фармерско одгледување и ветеринарна заштита на магариња со крајна цел добивање на производ на млеко од магаре (свежо и во прав,сирење, сапун, лосион и козметика), предвидена во Иваниќ град Р.Храватска во траење од 16 дена.
2.Проектот ,,Избери сирење,, предвидува теоретска и практична обука и настава на вкупно 76 ученици, наставници и обучувачи од 5 различни субјекти и тоа: Р.С.Македонија (СОЗШУ Ѓорче Петров-Кавадарци, СУГС Браќа Миладиновци – Скопје, Ветеринарна станица,,Здравје,,-Делчево) Р.Хрватска (Средно Земјоделско Училиште – Крижевци) и Р.Грција (Гастрономски клуб - Епир). во вкупно траење од 20 дена во три циклуси во сите 3 држави за напредно еколошко производство во мал обем на кравјо,овчко и козјо млеко и сирење.
-Основната цел на проектите е да се подобрат знаењата и вештините на учениците и наставниците и да се зголеми вработливоста на младата популација во руралните области.
Средствата предвидени за реализација на проектите не се ниту пристигнати на сметка на училиштето ниту потрошени,бидејќи не се предвидени никакви активности се до завршувањето на пандемијата со ковид 19.
СОЗШУ Ѓорче Петров Кавадарци„
-се наведува во соопштението до РТК.МК