Во Гимназијата „Добри Даскалов“во Кавадарци пуштена е во употреба доградбата на училишната зграда.
Денеска беа пуштени во работа новите осум простории на Гимназијата „Добри Даскалов„.Инвестицијата, која се заврши во брзо време ,за наши услови.Финасиски се работи за вложување од 20 милиони денари,средства и од Светска Банка и РМ. ПО ставањето во функција на осумте кабинети ке се штеди електричната и топлинска енергија, што беше и тенденција . „Целта на овој проект е производство на поквалитетни кадри и поквалитетно образование како и заштеда на електричната и топлотната енергија. Само со таква желба можеме да стигнеме до многу поквалитетно Кавадарци и многу поквалитетна Република Македонија“ рече градоначалникот Александар Панов, во изјава за медиумите.Се очекува една училница да биде опремена од страна на универзитетот “Гоце Делчев” од Штип и смарт табла од Кожувчанка. За многу кратко време комплетно ќе се стават во функција сите 8 кабинети.
„Сето ова ќе значи квалитетна и посовремена настава во подобри услови за учениците и вработените во гимназијата. Освен овие 8 кабинети во оваа установа е сменета кровната конструкција како и страта со комплетно нова пвц столарија“ вели директорката „Невенка Поп Ангелова.
Инаку со финансиите од Светска Банка наменети за раконструкција и подобрување на условите во образовните устави во Кавадраци во училиштето „Киро Спанџов Брко“ во износ од 4 милиони денари се обнови кровната конструкција и се постави исто така нова пвц столарија. Во основнот училиште Тоде Хаџи Тефов во вредност од 6,5 милиони денари се изврши реконструкција на кров, замена на столарија и пренамена на системот за греење од дрва на пелети Во рамкикте на одбележувањето на патрониот празник на Гимназијата беше изведена и културно-уметничка програма.