ОБНОВЕНА УРБАНАТА ОПРЕМА ВО ГРАДСКИОТ ПАРК
Општината Кавадарци и ЈП „Комуналец“ спроведоа акција за обновување на урбаната опрема во Градскиот парк „Љупчо Шкартов“.
Со проектот беа опфатени сите оштетени клупи и канти за смет кој се наоѓаат по патеките во паркот.
Целосно се обновени дрвените делови на клупите, кои сега се ставени во функција на граѓаните за одмор и рекреација.
 
 

			  
			  
			  
			  
			  
			  
			  
			  
			  
			  
			  
			  
			  
			  
			  
			  
			  
			  
			  
			  
			  
			  
			  
			  
			  
			  
			  
			  
			  
			  
			  
			  
 
                        
 
 
 
 
 