МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

По објавувањето на Прес конференцијата на ОО н СДСМ-Кавадарцисо реакција се јави опозиционата ВМРО-ДПМНЕ Кавадарци

Соопштение на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Кавадарци:;

„ОО СДСМ преку партиски прес конференции продолжува да ги манипулира и лаже земјоделците.Имено, СДСМ предвидува поделба на 55.000 картички за зелена нафта, а во Македонија има преку 100.000 регистрирани земјоделци.

Оваа мерка на СДСМ со која толку многу се фали е само козметичка мерка која нема да ги реши проблемите на земјоделците.СДСМ наместо да држи празни прес конференции во кои ништо не кажува, време е да почне да се грижи за проблемите на земјоделците со пласманот и цената на нивните производи.

Власта на СДСМ е научена само да ги потценува и омаловажува граѓаните.

СДСМ најдобро што знае да работи е да ги осиромашува граѓаните. Нив не ги интересира ниту државата, ниту граѓаните. Единствено што умеат добро да сработат е да спроведат некој криминален тендер со милионски суми на провизии, рекетирање на бизнисмени, спроведување на политички прогон, закани и уцени врз неистомислениците.

Од ваквата катастрофална политика која ја спроведуваат СДСМ и Заев, граѓаните само губат.

Затоа потребно е оваа криминална банда веднаш да си замине. За доброто на граѓаните и државата потребно е итно распуштање на парламентот и распишување на предвремени парламентарни избори.„- се вели цо соопштението на ОК н ВМРО-ДПМНЕ Кавадарци.