МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Eксклузивен џез концерт со „Por Ché Ne Trio“

Вo Кавадарци ретко се случуваат џез концерти.А кога ке ги има треба да се отиде .

Во среда, 19 август 2015 годинаа, со почеток од 21 часот и 30 минути, во Малиот парк спроти полицијата во Кавадарци, не очекува ексклузивен џез концерт со „Por Ché Ne Trio“ и нивните гости.

„Por Ché Ne Trio“ е космополитски микс на три јаки музички личности, секоја од нив своевидна икона на традиционалната музика во нивните земји Аргентина, Италија и Македонија. На нивната стандардна постава која ја сочинуваат големиот Лео Џеновезе од Аргентина кој има настапувано со ѕвездата на џез музиката, Херби Хенкок, потоа со Стинг, Стиви Вондер и уште многу други, италијанецот Франческо Маркоки и нашиот Александар Петров, специјално на овој концерт ќе им се придружи Мари Петров.

Нивната музика претставува трансверзала меѓу три континенти, преку оригинални композиции. Досега настапувале во Аргентина, САД и др.

Специјални гости на вечерта се прекалените кавадаречки џезери од бендот Modern Jazz Quartet K, со чиј настап ќе биде отворена оваа вечер.

Концертот е во организација на Домот на културата “Иван Мазов - Климе“ и Локална самоуправа на општина Кавадарци, и е дел од манифестацијата „Топол културен бран“. Медумски покровители се Галакси Радио, КТВ Телевизја и www.kavadar4e.com, а покровител на настанот е Pub Blue.

МАРЈАН ДИМИТРОВ