МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Денесka во центарот на Кавадарци, група средношколци од средните училишта „Добри Даскалов“, „Киро Спанџов-Брко“ и „Ѓорче Петров“ од Општина Кавадарци и СОУ „Кирил и Методиј“ од Општина Неготино, ги пренесоа своите пораки за важноста на медиумската писменост кај младите, на креативен начин.

Во рамките на активноста, средношколците поделија информативни флаери со кој ќе се покрене нивото на медиумска писменост кај локалното население. Активноста е дел од проектот „Хаштаг медиумска писменост“ спроведувана од здружението за едукација тренинг и развој „Прогресс Плус“ Кавадарци а е поддржана преку ре-грантирање на регионалниот проект Медиумите за граѓаните – граѓаните за медиумите, проект во кој учествуваат неколку организации за развој на медиумите (Фондацијата „Медиацентар“, Албанскиот институт за медиуми, Македонскиот институт за Медиуми, Црногорскиот институт за медиуми, Новосадската школа за новинарство, Мировниот институт, СЕЕНПМ) од Западен Балкан со цел градење на капацитетите на граѓанските организации во регионот во насока на унапредување на медиумската и информатичката писменост (МИП).

119565253_642197679816256_6714159011533571147_n