Ученици маскирани во гроздови и винови лози, но и најразлични други маски во најразлични бои, беа дел од денешниот детски карневал.
- На задоволство на сите посетители кои овие три дена се наоѓаат во градот на грозјето и виното, денеска можеа да се видат околу 700 учесници во детскиот карневал, од сите основни училишта во градот. Секоја од маските, со своја приказна, рече Зоран Станоев Дејзи, еден од организаторите.
На карневалската улица продефилираа хероите од бајките, современи ликови, пирати, гроздови, виножита...
Погледнете ја атмосферата: