МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Во понеделник, на 20 август 2018, започнува традиционалната Меѓународна ликовна колонија “Кавадарци - Михајлово“, посветена на големиот уметник Ристо Соколов Сокол од Кавадарци.

На колонијата како учесници се јавуваат над 30 ликовни уметници од повеќе земји (Македонија, Бугарија, Србија, Велика Британија, Косово, Турција, Романија, Русија, Албанија и др.). Уметниците ликовните дела ќе ги ствараат во Хотел “Уни Палас 2“ КавадарциКолонијата е во организација на Дом на култура “Иван Мазов Климе“ Кавадарци, а со подршка на Локална самоуправа на општина Кавадарци и Министерството за култура на Република Македонија. Како помагатели се јавуваат и повеќе општествено одговорни фирми од градот.Во предвечерјето на отворањето на колонијата, во понеделник, на 20 август 2018, од 20 часот во Галеријата при Домот на културата “Иван Мазов - Климе“ ќе биде отворена изложба на ликовниот уметник Александра Димитрова од Кочани.Официјалното отворање на Ликовната колонија ќе се случи истата вечер (понеделник -20 август 2018) во 21 часот во Хотел “Уни Палас 2“ Кавадарци.За време на одржувањето на колонијата ќе се случат уште неколку придружни уметнички настани.Во среда, на 22 август 2018, од 20 часот, во организација ан Домот на културата, а во Галерискиот простор на Музеј - Глаерија Кавадарци ќе биде отворена изложба на ликовниот уметник Луан Зенки од Гостивар.Во петок пак, на 24 август 2018, со почеток од 12 часот, на Градскиот плоштад во Кавадарци ќе се одржи несекојдневен и спектакуларен ликовен перформанс со познатиот ликовен уметник од Турција - Орхан Цебраилоглу.Официјално Меѓународната ликовна колонија “Кавадарци ќе биде свечено затворена со изложба на реализираните ликовни дела, во недела, на 26 август 2018 од 20 часот.