Општина Кавадарци во определбата за посовремено решавање на проблемот со собирањето на сметот од домаќинствата поставува подземен контејнер.Донатор е „Метал Апостолов“.
Во соработка со донаторот фирмата „Метал Апостолов“ на југо-источната страна од градскиот плоштад на ќошот од улицата „Благој Крстиќ“ се поставува подземен контејнер со три комори. Соред проектот во контејнерот ќе има прегради за собирање на смет од домаќинствата, како и за собирање на отпад за рециклирање.
Овој систем на прибирање на смет во развиоените земји е широко распространет и покажува повеќе предности, пред се од екологијата.
Општината во наредниот период контејнерот пробно ќе го предаде во употреба на граѓаните, а позитивни искуства и резултати ќе влијаат на понатамошното градење на вакви контејнери за смет во градот.