Денеска се одржа свеченост на која беа доделени награди и признанија за учениците од основните училишта од Кавадарци, Неготино и Росоман во врска со ликовниот конкурс на тема ,,Стоп за насилството помеѓу учениците,,.
Овој конкурс беше распишан по повод 9-ти декември денот на превенцијата во МВР со подршка на мисијата на ОБСЕ во РМ, а настанот е помогнат од страна на неколку компании од Кавадарци: Центрум, Кожувчанка,Минекс и Библиотека Феткин-Кавадарци.
На настанот присуствуваа околу 30 ученици од основните училишта со нивните наставници и директори а за важноста на превнтивата говореа градоначалниците на Кавадарци, Неготино Митко Јанчев и Тони Делков.
10 години превентивна работа во Полицијата е важна и обемна работа.Димитар Каракулев ,кој е инспектор во ова одделение на ПС од ОН Кавадарци,успеа на едно место да ги собере директорите , наставниците и учениците учесници на ликовниот конкурс,од училиштата од Кавадарци, Неготино и Росоман и истовремено да ја организира изложбата на ликовните трудови .