МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Oпштина Кавадарци реализира неколку а во фаза на извршување се нови комунални инфраструктурни зафати

Согласно програмата за комунална изградба, Општина Кавадарци реализираше проекти за реконструкција на тротоари на улиците „Партизанска“ и „Лазо Мицев“ кај паркот „Полана“.Според проектот општината изгради нови тротоари од павер елементи на површина од 480 м2. За оваа намена согласно програмата од буџетот за комунална изградба општината изввојува 590.000 денари.

Општина Кавадарци заврши со реализиацијата на проектот за ревитализација на улицата „Брушанска“. Жителите на овој дел од градот добија уште една урбанизирана улица како надополнување на веќе реконструираните „Струшка“ и „Методи Џунов-Џико“ кои општината неодамна ги асфалтираше.Претходно ЈП „Комуналец“ работеше на реконструкција на канализационата мрежа.

Започнати се земјените работи за изградба на тротоар на дел од улицата „8 Септември“. Се работи за делница која се наоѓа на аголот од северниот влез во СЦ „Јасмин“ наспроти бензинската пумпа.Овој зафат е дел од проектот за поплочување на тротоарот на „Западен булевар“ над паркингот на спортскиот центар „Јасмин“. Со изградбата на овој тротоар, влезот во салата ќе има оформени тротоари со павер елементи од двете страни со што движењето на посетителите во салата ќе биде многу побезбедно.

39846577_2242204742670241_849314664499118080_n.jpg

39917075_2242210599336322_3904568632948031488_n.jpg

39941122_2242212109336171_1880468739548250112_n.jpg

39861850_2242212129336169_7390665897733521408_n.jpg