Управата за јавни приходи донесе одлука, роковите за поднесување на даночните пријави и на годишните даночни извештаи се продолжуваат за уште пет работни дена.
Откако сметководителите алармираа дека има проблеми со системот е- даноци, Управата за јавни приходи донесе одлука, роковите за поднесување на даночните пријави и на годишните даночни извештаи се продолжуваат за уште пет работни дена.Па така, крајниот рок за ДДВ – 04 пријава сега е 1-ви февруари, а за годишните извештаи 7-ми февруари, како резултат на масовното, а отежнато поднесување на пријавите и извештаите, соопштија од УЈП.