Полициската станица од Општа Надлежност Кавадарци апелира до сите граѓани за време на манифестацијата „“Тиквешки гроздобер 2018“ на 7 ,8 и 9 септември да ги корстат своите моторни возила само во исклучителни случаи, за нужни потреби кога тоа е најнеопходно.
Поради големиот број на културни настани во централното градско подрачје овие три дена има измени во режимот на сообраќајот а движењето на возилата ке се пренасочува по заобиколните улици.Исто така во Кавадарци се очекува поголемо присуство на граѓани од други градови на Р.Македонија кои ке доаѓаат со свои возила за да ги следат манифестациите а со тоа ке ја зголемат долнително фрекфенцијата во сообраќајот.
Од овие причини а поради избегнување на големи застои во сообраќајот ПС од ОН Кавадарци апелира до сите граѓани користењето на своите возила овие денови да го сведе на минимум