Честитка на градоначалникот Митко Јанчев-по повод 8 септември - Денот на Независноста на Република Македонија

„Почитувани сограѓани, Република Македонија има поминато тешки времиња. Во минатото македонскиот народ се борел за суверена татковина. На 8 ми септември 1991 година се разбудивме во сопствена, независна држава. Овој историски ден остави на нас белег кој секој ден не потсетува дека треба да продолжиме да градиме стабилна и просперитетна држава за нас и за идните генерации. Овој ден нека ни биде мотив исправено и гордо да го славиме овој ден.Нека ни е честит денешниот празник.Нека ни е вечна Република Македонија.„- се вели во денешната чститка по повод 8 Септември.