МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Водните ресуси се непроценливо богатство на ова планина кои немаат цена, кои со ништо, па ни со злато не можат да се купат

По референдумот за заштита на Планината Кожуф од било какви истражувања за експлоатација на рудни суровини(злато) и во Општина Кавадарци трае дискусуата за ова прашање со оглед на фактот дека Кожуф во најголем дел припаѓа токму на ова Општина.Засега ниту во јавноста ниту кај актуелната Локална самоуправа и кај градоначалникот нема расположение за било каква дозвола на било кој субјект да врши истражувања а најмалку експлоатација на рудни богатства кои ги крие ова планина.

Градоначалникот Александар Панов кон крајот на мецец април по референдумот во Гевгелија, на прес конференција, беше дециден дека моментналните две дозволи за испитувања на Кожуф (за никел и лорандит) мируваат и ке се настојува да не се даде виза за никој да врши минирања или било какви ископувања.Ова пред се во контекс на заштитата на сливното подрачје на извориштата и зафатите за вода од каде три општини во Тиквешијата се снабдуваат со вода за пиење и наводнување.

(Видео изјава на Панов)