МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Предлог –Квартален Извештај за извршување на Буџетот на Општина Кавадарци-Втор Квартал и Предлог-Одлуката за изменување и дополнување на Буџетот на Општина Кавадарци за 2018 година беа едногласно изгласани од сите советници

Освен овие на денешната седница беа донесени: Предлог-Заклучокот за исплата на додаток на плата по основ утврден степен кариера на вработени во општинската администрација на Општина Кавадарци;Предлог-Програма за изменување и дополнување на Програмата за уредување на градежно земјиште на просторот на Општина Кавадарци за 2018 година како и Предлог-Програма за изменување и дополнува на Програмата за Развој на Општина Кавадарци за 2018 година;Предлог-Одлука за определување на заштитна зона Лукар, како заштитна зона со води наменети за консумирање,Предлог-Одлука за финансиски придонес на Под-Проектот,,Интегрирана програма за развој на туризмот во Општина Кавадарци; Предлог-Одлука за одржување на објектите реконструирани со реализацијата на Под-Проектот,,Интегрирана програма за развој на туризмот во Општина Кавадарци финансирани по проектот ПЛРК .

Советниците во време од околу еден час речиси без дискусија ( со мали дообјаснувања ) по неколку материјали ги изгласаа и Предлог-Одлуката за давање согласност за склучување судска спогодба за регулирање на мегусебни односи во врска со судски предмет,Предлог – Одлуката за потребата од донесување на нова урбанистичко планска документација за објекти надвор од плански опфат,Предлог-Одлука за давање на трајно користење без надомест недвижна ствар-канцеларија на ЈУ Меѓуопштински Центар за социјална работа Кавадарци;Предлог-Одлука за примање на донација на материјално добро-заштитни челични за тротоари(ИГМ –ТРЕЈД);

На седницата денеска без дискусија поминаа и останатите материјали како :Предлог-Одлука за примање на трајно користење на движни ствари(согласно Одлуки на Влада на РМ ) а едногласно беа усвоени повеке точки од редовното работење на ЈОУДГ„Рада Поцева“.Дел од материјалите денеска беше посветен и на редовното работење на ЈП „Комуналец„ при што директорот Ѓорѓи Поп Ицов објасни на прашање на советничката Божанка Минова,дека Регулаторната комисија нема да врши зголемување на тарифата за вода кај физички лица ова и наредната година, додека кај собирање и одвод на урбани води ке има минимална корекција , но во 2019 година.Беа усвоени од советниците , неколку важни документи како Програмата и Извештајот за работата на ЈП „Комуналец„ за работењето во изминатите 6 месеци, како и работата на малите ХЕЦ, и неколку други одлуки на Управниот одбор на ова Јавно претпријатие.

До крајот на седницата беа разгледани и усвоени повеќе барања на граѓани и правни лица а беа донесени и неколку одлуки за урбани решанија,вработувања ,прием на донации,финаниска помош, и друго.

По ова следува одмор за советниците.Првата наредна седница на Совет ќе се одржи во втората половина на месец август 2018- година.