МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Во саботата, на 15 септември 2018, се одржа третата вечер на “Тиквеш Рок Фест 2018“. Настанот се случи во Паркот на револуцијата во Кавадарци. Третата фестивалска вечер донесе одлични настапи на кавадаречките рок бендови Bad-Ass-All и Leksikon и секако специјалните гости на вечерта, култниот македонски рок бенд Last Expedition.

“Тиквеш Рок Фест 2018“ кој беше во организација на Здружението за алтернативна култура “Алтер Центар“ Кавадарци,помина во одлична,позитувна ,атмосвера ,понудувајќи и го на публиката тоа рокенролот во Кавадарци.Организаторите се заложија да не потсетат дека рок-музиката е основца на целата останата музика-азбуката без која нема забавна музика.Интересот за промоциите на синглот на Лексикон и на албумот на Смоук Шејкерс, доволно зборува за тежината на настанот.Врв на се беше свирката во Паркот на Револуцијата , каде во одлична атмосфера и услови, можеше ад се ужива во музиката на рокерите.

За Лексикон РТК.МК. објави посебен текст. За промоцијата на албумот на СМОУК ШЕЈКЕРС должни сме да подвлчеме дека беше одлично.Рокерите биле стрпливи и упорни година за година да компонираат и да ги свират за на крајот ги промовираат сите композиции од првиот албум.Иако се веке етаблирани сепак е добро кога СД-то кое го виде светлото на денот, се појави за да можат да се слушаат на едно место сите песни од Смоук Шејкерс.Главните организатори од Алтер Центар , Александар Малинков и Марјан Тодоровски ги поздравија присутните и се потсетивме на авторството на сите песни а потоа имавме можност и да слушнеме дел од албумот.На лице место можеше да се купи ЦД-то и да се ужива во песните...За мене несекојдневен настан со содржина каква ретко се гледа, барем-кај нас.

А за изложбата на Трајче Јованов-млад уметник со диплома од факултетот за Ликовни студии, можеме да кажеме се најубаво.Неговата ведрина како човек со многу пријатели, само ја надополни убавата рокерска вечер.Тој на публиката во Кавадарци и се претстави со неговиот последен опус на слики .Посебно ни се допадна неговиот невообичаен настап и најава на изложбата - со доза на голема ведрина-што соодветствува на неговиот карактер.

Последната вечер на ТИКВЕШ РОК ФЕСТ имаше посебна атмосфера .Паркот ,спроти полицијата-идеално место за свирка, времето погодено.Настапија кавадаречките рок бендови Bad-Ass-All и Leksikon и секако специјалните гости на вечерта, култниот македонски рок бенд Last Expedition.Беше одлично.

Фото: Билјана Соколова Тодоровска.

Видео : divinegrapx