МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Наградата 7-ми Септември е највиско општинско признание кое се добива еднаш во животот

14269519_10210388938062834_1556159883_n.jpg

БРАНКО ПОПОВСКИ-ПРИМ.Д-Р ГИНЕКОЛОГ-АКУШЕР

Примариус Д-р Бранко Поповски е роден 1955 година. Со дипломата доктор на медицина се стекнува 1979 година.Специјализира гинекологија до 1992 година кога се вработува во Медининскиот центар во Кавадарци.2002 година се стекнува со титулата примариус по гинекологија и акушерство. Инаку во досегашното практично искуство во работниот век има направено над 2.000 големи гинеколошко- акушерски операции, 5.000 мали гинеколошко-акушерски интервенции и извршено над 8.000 породувања. Д-р Бранко Поповски има учествувано на повеќе конгреси со меѓународно искуство и публицирани 25 трудови од областа на гинекологијата и акушерството.

14256225_10210388937902830_1272737871_n.jpg

БЛАГОЈ ПЕШИЌ- СТРЕЛЕЦ

Благој Пешиќ роден е 1949 година,со стрелаштво се занимава 50-години и досега има постигнато 37 поединечни и екипни рекорди на РМ, од кои 13 сеуште не се соборени. Негов најголем успех како тренер е учеството на најуспешнииот стрелец во Македонија -Дивна Пешиќ на Олимписките игри во Сиднеј и Атина, Сашо Несторов во Пекинг и Надица Апостоловска која имаше норма за Лондон 2012, но не беше пријавена од македонската стрелачка федерација. Од македонската спортска федерација повеќе пати е прогласуван за тренер на годината а во Општината 4 пати за најдобар трернер.

14256226_10210388937702825_810971895_n.jpg

gligor-cemerski-copy.jpg

(постхумно) на ГЛИГОР ЧЕМЕРСКИ- АКАДЕМСКИ СЛИКАР

Глигор Чемерски е роден 1940 година, а се образувал во Скопје, Белград и Париз.Неговиот стил на сликање е инспириран од експесионизмот и иконите направославието. Каде и да патуваше по светот секогаш се враќаше во родното Кавадарци, на чаршијата, роднините, другарите и пријателите. При отварањето на неговата последна голема самостојна изложба во 2010, кога Кавадарци беше македонски град на културата, Гичо ќе рече: „Овде е мојот корен, мојата инспирација, мојата душа“. Академик Глигор Чемерски почина на 2 април 2016 година во Скопје.