МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Новиот градоначалник Митко Јанчев и Локалната самоуправа започнуваат акција за темелно чистење на градот

Почнувајќи од денес, среда, општинарите од „Мој општинар“ заедно со ЈП Комуналец и неколоку приватни фирми од Кавадарци започнуваат акција “За чисто и убаво Кавадарци“. Наредните 4 денови, се до сабота, ќе се чистат сите помали и поголеми диви депонии. Неколку фирми помагаат во реализирање на оваа акција и ги ставаат во функција своите машини за доброто на Општина Кавадарци. АНЕЛМАК, АС МАШИНИ, ЈА-МИ, ВСГД и ТРАСЕР учествуваат со камиони, скипери, багери заедно со ЈП Комуналец.

Денесka е започната акција за чистење на 3 локации. Првата локација е улица „Праведничка“ и Коњските дупки, втората локација е улица „Клинска“ и улица „Калница“ и третата локација е улица „Смилица“.

За ова денеска не информираа од Кабинетиот на градоначалникот Митко Јанчев.