МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Резултатите од Анкетата покажуваат дека граѓаните сакаат да се одржи Панаѓурот

„Според спроведената анкета за прашањето дали оваа година да се оддржи традиционалниот есенски панаѓур, добивме резултати кои покажуваат дека граѓаните на Општина Кавадарци сакаат и оваа година да се оддржи есенскиот панаѓур.

Панаѓурот ќе се оддржи на 12 ти, 13 ти и 14 ти октомври, со малку променета локација, односно ќе го зафаќа делот по новите семафори на ул.Никола Минчев се до Северен булевар и едната коловозна лента до зградата на УЈП. Тоа значи дека 3 те улици од семафорите ќе бидат функционални и едната коловозна лента кај зградата на УЈП.

Закупот на простор за продажно место ќе започне од четврток 04.10.2018 година.“ се наведува во денешното известување од Кабинетот на градиначалникот на Општина Кавадарци- Митко Јанчев.