Правилното паркирање е предизвик со кој се соочува и градот Кавадарци.
Овие фотографии ги испрати загрижен кавадарчанец, кој тврди дека секој ден колите се паркирани на тротоарите и е загрозен животот како на неговите деца така и на останатите.
Сите сме свесни дека Паркирањето е проблем, но со ваквото паркирање се загрозува безбедноста во сообраќајот, особено на пешаците.
Ваквто паркирање Не само што го оневозможува нормалниот проток на сообраќајот, туку може да оневозможи и пристап на интервентни возила како што се оние на Итна медицинска помош или противпожарните единици.
Затоа, РТК апелира:
НЕ ГИ ВОЗЕТЕ АВТОМОБИЛИТЕ
ОДЕТЕ ПЕШ ЗА РАСТОЈАНИЈА ОД 5-10 МИНУТИ
ЌЕ ЗАШТЕДИТЕ...
НЕ ПАРИ,
ТУКУ ЗДРАВЈЕ!