Казанџијата Манчо Манчев изработува котел од бакар пред својот дуќан до куќата на Вчкови...
Поради земјоделско-лозарскиот карактер на тиквешкиот крај, градот има голема потреба од казанџиски производи како казани за варење на ракија, котли,буриња за носење на вода, ѓумови, тепсии, ибрици, маџунарски тави, а поправаа прскалици. Најпознати казанџии беа: Манчо Манчев, Перо Божинов, Глигор Пендев, Страшо Колев, Трајчо Димов, Ордан Ѓелев, Илија Ангелов, Душан Мешков, Цандо Ашаданов и други.
Петре Камчевски