МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Од денеска во Кавадарци започна есенскиот панаѓур Општина Кавадарци го организира традиционалниот Есенски панаѓур кој ќе се одржи во деновите 12-ти, 13-ти и 14-ти октомври. Локацијата е на Булевар “Никола Минчев“на потегот од спојот со Булевар “Македонија“ со спојот со Северен Булевар. На споменатите улици сообраќајот е целосно затворен во деновите на одржувањето на Есенскиот панаѓур.Неофицијално располагаме со податок дека на посетителите ке им биде понудена стока од различен тип, со доминација на готовата конфекција по пониски цени.До завчера беа пријавени околу 500 излагачи од цела Македонија.Цената на просторот што за три дена се изнајмува вклучува и приклучок за струја, и е на ниво на ланската година. Вообичаената гужба е присутна од раните утрински часови, што значи народот бил „гладен „ за панаѓур .И без многу флозофиии убаво е да се прошета и да се почувствува таа едноставна откаченост-таа кул атмосфера во која скате да изедете скара, знаете дека има нешто зошто чорапите ( 5 пара за 100 денари) се џабе- а пак купувате... Во ова турканица , според статистиката најмногу ловат џебџиите да не речеме арамиите. Токму затоа Службата за превенија при МВР/ ПС под ОН Кавадарци/ е присутна на терен со со инспекциски униформирани и неуниформирани лица. Инспекторот по превентива Диме Каракулев порачува граѓаните да внимаваат на движењето на панаѓурот, исто така и на безбедноста на становите и куќите во кои живеат.Денеска на ова граѓаните беа потсетувани со посебни флаери кои им беа врачени на панаѓурот.