Денеска во Основното општинско училиште ,,Тошо Велков Пепето`` беше спроведена показна вежба од областа за подготовка и дејствување во случај на елементарни непогоди и катастрофи, односно пожар во училиштето, каде беа зафатени неколку училници.
Денеска учениците во ООУ „Тошо Велков Пепето“ во Кавадарци беа составен дел од вежбата , која имаш за цел симулирање на пожар и напуштање на училниците.
Евакуацијата се одвиваше брзо но тројца ученици се здобија со полесни повреди.
По добиената пријава за пожар интервенира надлежниата служби. Полицијата го обезбеди местото на пожарот и веднаш пристигнаа пожарникарите од ПТЕ Кавадарци и брза помош.Пожарникарите го гаснеа пожарот.
Црвениот крст на Република Македонија Општинска организација Кавадарци зеде учество на оваа вежба со првопласираната екипа за прва помош од Општинскиот натпревар.Притоа екипата за прва помош навремено, професионално и брзо успеа да укаже прва помош на повредените лица до доаѓањето на брзата помош.Оваа вежба беше оценета како добро организирана и реализирана од страна на сите учесници во истата, односно сите субјекти успешно одговорија на зададената задача.Самата вежба ја проследија Градоначалникот на Општина Кавадарци Митко Јанчев,командирот на ПС од ОН Кавадарци Сашко Димовски, претставници од повеќе институции од градот, родители на ученицитеи други.