МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Прес конференција кандидатот за пратеник на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ Весна Пемова.

„Синоќа повторно се искршени прозорците на штабот на ВМРО-ДПМНЕ во Кавадарци. Овој кукавички чин само ја докажува нервозата кај нашите противници“

Таа нервоза започна уште кога нивниот лидер Заев најави двојазичност, од што се срамат и самите тие во Кавадарци.

15134688_10208124214365613_1279492912360037472_n.jpg

Нивниот страв од пораз се зголеми по грандиозниот митинг во Кавадарци, кога сфатија дека ВМРО-ДПМНЕ заедно со коалицијата убедливо ќе победи во Кавадарци.Нивниот очај доаѓа од последните анкети. Дали случајно или не, токму синоќа, со анкета нарачана од нивна телевизија, добија потврда дека ќе изгубат насекаде во Македонија.

Но, треба да им е јасно дека кршењето и уништувањето на наши штабови само ќе ги чини поголем пораз на овие избори. Бараме до МВР, кое е сега под водство на министер од СДСМ, да превземат мерки да се најдат и казнат сторителите и да се спречат ваквите вандалски дела, кои не се својствени за Кавадарци.Апелираме и до нашите членови и подржувачи, да не наседнуваат на ваквите провокации. Најдобриот начин да им одговориме е на 11-ти декември да излеземе масовно и така да ги казниме ваквите дивеења и сето зло што го направија во Македонија. Место за уништување, да гласаме за развој.“