МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Интегрален текст

„Почитувани сограѓани

Политичката партија ВМРО-ДПМНЕ беше главниот кочничар во Собранието за зголемувањето на пензиите.

Имено на прес конференција зборуваат едно, a во реалноста прават сосема друго.

На тој начин ли ВМРО-ДПМНЕ се бори за интересите на пензионерите?

За разлика од ВМРО-ДПМНЕ, ние сме одговорна партија која се грижи за сите граѓани, а пред се за луѓето кои ја градеа оваа држава и го трасираа патот за младите.

324.000 пензионери и пензионерки од овој месец земаат пензија повисока за 722 денари.

Сега просечната пензија е 15.500 денари и е зголемена за 1.746 денари, во однос на 2016 година кога изнесуваше 13.754 денари.

До крајот на 2020 година пензиите ќе пораснат за вкупно до 900 денари, и ќе се зголемуваат заедно со растот на економијата, покачувањето на минималната и на просечната плата.

Ова зголемување на пензиите не се финансира со задолжувања, како што тоа паушално го правеше претходната власт, туку е резултат на домаќинското работење на СДСМ и спроведувањето на пензиската реформа.

Факт е дека успеавме во само две и пол години да го стабилизираме пензискиот фонд.

Со неодговорното владеење на ВМРО-ДПМНЕ исплатата на пензиите на среден и долг рок беше сериозно доведена во прашање.

Дуплираниот дефицит во пензискиот фонд во време на десетгодишното владеење на ВМРО-ДПМНЕ, конечно за прв пат е намален и тоа за околу 3 милијарди 700 милиони денари.

Одговорните политики на оваа влада граѓаните ги препознаваат и истите ќе ги потврдат на 12-ти април.

Мерките и политиките на СДСМ се на прав пат.„- се вели во реакцијата.