Денешниот земјотрес за среќа тој беше краткотраен и имаше слаб интензитет.
Земјотресот траеше кратко, а ги вознемири граѓаните. Првиот земјотрес денеска бил во 11.50 часот, со епицентар на 5 километри од скопско Арачиново со јачина од 2,3 степени а следниот во 14:19 часот е со епицентар на 9 километри североисточно од центарот на градот на длабочина од 5 километри. Епицентарот на овој земјотрес со интензитет од 3,7 степени според Рихтеровата скала е на еден километар од Црешево, односно на девет километри североисточно од Скопје.
Екипи од Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија со претставници од скопските општини, денеска ke прават увид на патната инфраструктура, водоводот, канализацијата, топловодите и на струјоводите за да откријат евентуални оштетувања од земјотресот.Увид ќе направат и во станбените згради и во другите објекти за домување каде што се пријавени штети.