Републичкиот противпожарен сојуз со општинските протпожарни сојузи секоја година организира протипожарен натпревар од областа на притивпожарната заштита на учениците од основните и средните училишта. Домаќин беше СОУ„Ѓорче Петров“ –Кавадари кое како инситуција треба да ги штити и негува со репродукција шумите, ја презеде организацијата на натпреварот.
Истиот се одвиваше во добра атмосфера и натпреварувачки карактер, што беше и целта на истиот.Учениците во училиштето домаќин повикани за да се грижат за заштитата на шумите покажаа дека соодветната едукација, како ова ,влијаат врз формирањето на свеста за потребара од соодветен однос на сите нас , особено младите, кон заштитата на шумите од пожар.Сите учесници од основните и средни училишта покажаа добро знаење.